• Wednesday, 15 January 2025

Камерен Оркестар на Битола со празничен концерт во Виена

Камерен Оркестар на Битола со празничен концерт во Виена

Битола, 8 септември 2024 (МИА) - Националната установа Камерен Оркестар на Битола, утревечер во Виена, во црквата „Св. Ана“, ќе го презентира проектот „Македонски евергрини и повеќе“.

Во главниот австриски град, Камерниот оркестар на Битола ќе ги придружува солистите Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар и Ристо Самарџиев.

Како што е познато, под диригентска палка на Владимир Димовски, камерниот оркестар на Битола годинава гостуваше во Рим, како дел од културната програма за одбележување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, а утревечер по повод Денот на независноста, македонските музичари ќе настапат во Виена, еден од најзначајните музички центри во светот, информираа од таа национална установа со седиште во Битола. мт/нд/

Фото: НУ Камерен оркестар на Битола