Италијански регулатор бара од кинескиот Дип Сик одговори за користење лични податоци
- Италијанската управа за заштита на податоците денеска соопшти дека испратила барање до креаторите на новиот модел на вештачка интелигенција од компанијата Дип Сик (DeepSeek) за тоа како ги користат личните податоци.
Рим, 29 јануари 2025 (МИА) – Италијанската управа за заштита на податоците денеска соопшти дека испратила барање до креаторите на новиот модел на вештачка интелигенција од компанијата Дип Сик (DeepSeek) за тоа како ги користат личните податоци.
Италијанскиот регулатор, познат и како Гаранте, наведе дека сака да знае кои лични податоци се собираат, од кои извори, за кои цели, на која правна основа и дали се складираат во Кина.
Дип Сик и неговите поврзани компании имаат 20 дена да одговорат, нагласи Гаранте. јт/
Фото: ЕПА