• Thursday, 30 January 2025

Ер Франс од сабота ќе ги обнови летовите за Бејрут

Ер Франс од сабота ќе ги обнови летовите за Бејрут

Париз, 29 јануари 2025 (МИА) – Француската авиокомпанија Ер Франс денеска соопшти дека планира да ги обнови летовите за Бејрут од сабота, кои беа прекинати во септември.

- Во оваа фаза, во зависност од развојот на безбедносната ситуација на дестинацијата, Ер Франс планира да ги обнови летовите Париз-Бејрут од сабота, 1 февруари 2025 година, со пет летови неделно, информира француската авиокомпанија.

Се наведува дека Ер Франс постепено ќе го обнови својот нормален распоред на летови со седум летови неделно до Бејрут.

Нискобуџетната подружница на групацијата Ер Франс-КЛМ групата, Трансавиа, ќе продолжи да лета од парискиот аеродром Орли до Бејрут на 13 февруари, со три лета неделно, додаде Ер Франс.

Ер Франс престана да лета за Бејрут по експлозиите на пејџери што ги користеше Хезболах на 17 септември низ Либан, по што почна израелската офанзива против либанското шиитско движење. јт/

Фото: МИА архива