• Wednesday, 15 January 2025

Изборот на Трамп за Пентагон вети дека ќе бара одговорност од сите нивоа на воен персонал

Изборот на Трамп за Пентагон вети дека ќе бара одговорност од сите нивоа на воен персонал

Вашингтон, 14 јануари 2025 (МИА) - Кандидатот за американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека доколку биде потврден за функцијата, ќе ги повика на одговорност сите нивоа на војската.

„Ќе ве повикам на одговорност затоа што сите во оваа соба знаат дека ако сте стрелец и ја изгубите пушката, ќе одговарате законски, но ако сте генерал кој губи војна, ќе добиете унапредување“, рече Хегсет за време на неговото сослушување пред Комитетот за одбрана во Сенатот, кој треба да го потврди неговиот избор.

„Ќе се погрижиме сите да бидат третирани фер – од врвот, од највисокиот генерал до најнискиот наредник“, рече Хегсет.

Транзицискиот тим на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп подготвува список на воен персонал што треба да биде отпуштен, во кој би можеле да бидат вклучени високи членови на Здружениот Генералштаб.

Пит Хегсет,  изборот на Доналд Трамп да го води Министерството за одбрана, денеска вети дека ќе го исполни задолжението на новоизбраниот американски претседател да ја врати „културата на воинот“ во Пентагон, доколку биде потврдена неговата номинација, јавија американските медиуми.

„Тој, како и јас, сака Пентагон ласерски фокусиран на леталитет (lethality), меритократија, војување, одговорност и подготвеност“, нагласи поранешниот офицер на Националната гарда на армијата и поранешен водител на Фокс њуз.  зш/