• Wednesday, 15 January 2025

Венецуелските власти со рестрикции за движење на дипломати од француската, италијанската и холандската амбасада

Венецуелските власти со рестрикции за движење на дипломати од француската, италијанската и холандската амбасада

Каракас, 14 јануари 2025 (МИА) -  Поради „непријателскиот“ одговор на нивните влади на инаугурацијата на претседателот Николас Мадуро за трет мандат, венецуелските власти воведфуваат рестрикции за движење на акредитирани дипломати во француската, италијанската и холандската амбасада. 

Венецуелското Министерство за надворешни работи нагласи дека на дипломатите ќе им треба „писмено овластување... да патуваат повеќе од 40 километри од Плаза Боливар“ во центарот на Каракас. зш/