• Monday, 09 February 2026

ЗОИ 2026: Француската мешана штафета најдобра на биатлон трката

ЗОИ 2026: Француската мешана штафета најдобра на биатлон трката

Кортина, 8 февруари 2026 (МИА) - Францускиот тим во биатлон освои злато во мешаната штафета на Олимписките игри во 2026 година.

Ерик Перо, Квентин Фијон-Маје, Лу Жанмоно и Џулија Симон 24 км ги поминаа за 1 час, 4 минути и 15,5 секунди.

Италијанскиот тим (Томасо Џакомел, Лукас Хофер, Доротеја Вирер и Лиза Витоци) го освои среброто, завршувајќи 25,8 секунди зад водечките.

Бронзата му припадна на германскиот тим (Јустус Стрелоу, Филип Наврат, Ванеса Војгт и Франциска Пројс), завршувајќи 1:05,3 секунди зад нив.

Зад водечката тројка се пласираа скандинавските селекции, Норвешка (+1:37.2), Шведска (+1:40.8) и Финска (+1:56.5). зс/

Фото: ЕПА