ЗОИ 2026: Норвежанецот Ејтрем постави олимписки рекорд и освои злато на 5.000 метри брзо лизгање
- Норвешкиот брзолизгач Сандер Ејтрем вечерва победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година.
Милано, 8 февруари 2026 (МИА) - Норвешкиот лизгач Сандер Ејтрем вечерва победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година.
Дваесет и тригодишниот лизгач постигна време од 6:03,95, поставувајќи нов олимписки рекорд.
Чехот Методеј Јилеку го освои среброто, завршувајќи 2,53 секунди зад водечкиот.
Италијанецот Рикардо Лорело го освои бронзениот медал (+5,27 секунди).
За Норвешка ова е трето злато на Олимпијадата во Италија и е лидер на табелата медалисти. зс/
Фото: ЕПА