„Зимски МакеДокс“ со проекција во „Јадро“
- Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции распоредени во четири блокови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. Вториот блок од серијата проекции ќе се одржи вечер, со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“, каде ќе биде прикажан документарниот филм „Насмеаната Грузија“ (Грузија, Германија / 2023 / 62 мин.) на режисерот Лука Бераѕе.
Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции распоредени во четири блокови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. Вториот блок од серијата проекции ќе се одржи вечер, со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“, каде ќе биде прикажан документарниот филм „Насмеаната Грузија“ (Грузија, Германија / 2023 / 62 мин.) на режисерот Лука Бераѕе.
- Која е цената на полувистините на политичарите? Во 2012 година, грузискиот претседател сакал да ја насмее нацијата. Во трката за нов избор, владејачката партија ветувала субвенционирана грижа за забите за најсиромашните во земјата. Низ цела земја државните лекари почнале да вадат расипани заби, ветувајќи дека ќе ги заменат во надоаѓачките месеци – а потоа претседателот изгубил. Низ интервјуа со оние што најмногу биле погодени од кампањата гледаме приказна за каприците на политичката моќ и пркосот на оние што обично ја имаат најмалку – филм на кој му недостасуваат заби, но кој е далеку од беззаб, наведуваат од „МакеДокс“ во најавата за вечерашната проекција на документарниот филм „Насмеаната Грузија“.
Трејлер: https://youtu.be/LGFSv3Xs_AU?si=yWG466cwSU0SEc4_
Влезот на проекцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители.са/
Фото: „МакеДокс“