• Wednesday, 08 January 2025

Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин

Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин

Киев, 6 јануари 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека прво сака да се сретне со идниот американски колега Доналд Трамп за да договорат мировен план пред да започнат какви било преговори со рускиот лидер Владимир Путин.

- Прво со Трамп. Ќе се договориме со него како да ја завршиме војната, како да го запреме Путин, изјави Зеленски во тричасовно интервју со американскиот поткастер Лекс Фридман. Тој нагласи дека е „многу важно Европа да има глас“ во овие дискусии.

Зеленски смета дека гаранциите за безбедност на Украина ќе бидат ефикасни само доколку ги обезбедат САД, нагласувајќи: „Без САД, гаранции за безбедност не се возможни. Такви гаранции се потребни за да се спречи руска агресија.“

Украинскиот претседател истакна дека предложил замрзнати руски средства во вредност од 300 милијарди долари да бидат искористени за купување американско оружје, пренесува Укринформ. ссм/

фото: Лекс Фридман