• Friday, 27 December 2024

За „Генерацијата Зед“, празничното украсување е помалку традиција, а повеќе самоизразување

За „Генерацијата Зед“, празничното украсување е помалку традиција, а повеќе самоизразување

Лос Анџелес, 25 декември 2024 (МИА) - Новогодишните елки во некои домови во САД оваа година покажуваат повеќе „неконвенционалност“ во изборот на украси за елки, посочуваат испитувањата. Тие, велат познавачите, денес во поголема мера ја изразуваат личноста на домаќините и не се општ безличен симбол на божиќното расположение. 

И според продавачите на украси, и младите, а неретко и повозрасните лица, денес ја напуштаат досега вообичаената зелено-црвена атмосфера, користејќи на пример розова и сина боја, или повеќе вештачко крзно и пердуви. Се зголемува понудата на вештачки дрвја, украсени со самовилски светла, венци од вештачки кристали и бисери и панделки коишто повеќе потсетуваат на концерт на Тејлор Свифт отколку на Божиќ.

- На некој начин, празничното украсување за „Генерацијата Зед“ (лицата од 12 до 27-8 години) е помалку заради традиција, а повеќе за самоизразување. Тоа е нивниот личен став за Божиќ, којшто повторно е тука за топлината и удобноста, но со целосно современ вкус, изјави дизајнерот Ерик Горансон.

Малопродажните синџири го охрабруваат овој тренд нудејќи и модерни украси чиишто светла и музички ефекти можат, да речеме - да се програмираат и со апликација за мобилен телефон.

И, додека помладите лица обично сакаат помали и повеќе елки, повозрасните од тн. „Генерација Икс“ (45+ години) вообичаено и доста често сакаат да се придржуваат до обичајот на едно големо дрво во дневната соба. Познавачите велат дека промената кон „понеконвенционални“ празнични украсувања почнала во екот на Корона-пандемијата од пред неколку години, кога луѓето беа често затворени дома.  си/ссм/

Фото: пиксабеј