• Monday, 06 January 2025

Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор

Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор

Анкара, 4 јануари 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ерата на оружје, насилство и терор е завршена. Тој говореше на регионалниот конгрес на неговата владејачка Партија на правдата и развојот во северниот град Самсун.

„Од сега сите мора да ја прифатат оваа вистина – ерата на оружје, насилство и терор заврши. Сепаратистичките убијци или ќе го закопаат оружјето што е можно поскоро или ќе бидат закопани со своето оружје. Нема трет пат“, нагласи турскиот лидер.

Според него, „сепаратистичко-терористичката организација дојде до крајот на својот живот“.

Турција како таква терористичка организација ја дефинира Курдската работничка партија (ПКК), како и нејзините здружени формации во Сирија.

 „Нагласувам дека во нашиот регион нема повеќе простор за терор во иднината на нашата земја или нашиот регион“, рече Ердоган. рп/

Фото: ЕПА