• Wednesday, 17 July 2024

До петок сончево и многу топло, потоа со локален пороен дожд и благ пад на температурите

До петок сончево и многу топло, потоа со локален пороен дожд и благ пад на температурите

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Во следните денови и натаму ќе биде претежно сончево и многу топло со
максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени.

До крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи
температури.

Во петок и за време на викендот, а особено во сабота, во попладневните часови ќе има појава на локален порен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање. сст/са/

фото МИА архива