• Tuesday, 11 March 2025

Дел од Општина Центар без вода

Дел од Општина Центар без вода

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:00 часот се дел од жителите на Општина Центар, лоцирани на улиците „Јордан Мијалков“ и „Герман“. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок од ф -100 милиметри на улица „Железничка“ без број.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. мд/сст/

Фото: МИА архива