• Wednesday, 12 March 2025

Во Демир Капија едукативна кампања за нула отпад 

Во Демир Капија едукативна кампања за нула отпад 

Демир Капија, 11 март 2025 (МИА) - Едукативна кампања за нула отпад ќе се спроведе во Демир Капија, од 17 до 27 март, информираа попладнево од демиркаписката локална самоуправа. Настанот е во организација на Општината и општинскиот Совет за социјална заштита. 

- Целта е преку едукација на младите,  до помалку отпад. Да создадеме генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме. Како мисли и како постапува еден поединец, зависи каква личност оформил уште од детството. Ако во изминатите месеци успеавме да редуцираме дел од отпадот, тогаш сега е време да се направи поделба кој дел од останатиот отпад може да се реупотреби, а кој може да се рециклира, соопштија од локалната самоуправа. 

Притоа појаснија дека кампањата опфаќа акција за собирање на електронски отпад, ,,врати отпадок, добиј подарок", еко акција за собирање  стакло, ,,време е за селектирање стакло", акција за собирање на текстилен отпад, ,,дај му нов живот на текстилот". 

 - Ѓубре е само она што ќе дозволиме да заврши како ѓубре, се друго е ресурс.  Да внесеме еко култура во домовите. Време е за акција. Придружи се кон одржлива иднина, порачаа од Општина Демир Капија. свд/дма/


Фото: Фејсбук на Општина Демир Капија