• Wednesday, 12 March 2025

Лишен од слобода тетовец кој подметнал пожар во Катланово

Лишен од слобода тетовец кој подметнал пожар во Катланово

Скопје, 11 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода И.Џ. (49) од Тетово, поради сомнение дека подметнал пожар во Катланово.

-Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ.. Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР. дма/

Фото: МИА архива