• Thursday, 26 December 2024

Делегација на МАЕИ на традиционалниот божиќен прием во митрополијата во Корча

Делегација на МАЕИ на традиционалниот божиќен прием во митрополијата во Корча

Дебар, 25 декември 2024 (МИА) - Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ),  денеска беше во посета на митрополијата на Корча.

- Заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, Атанас Плоча и Нико Андони, присуствувавме на традиционалниот прием во седиштето на  Корчанската митрополија,  по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ, изјави за МИА  Васил Стерјовски, претседател на партијата.

Додаде дека на митрополитот Јован, а преку него и на верниците во митрополијата му го честитале празникот и му посакале добро здравје, радост, среќа, благосостојба а се заложиле и за продолжување на верската  хармонија, по која е препознатлива Албанија.

-Од наше и од име на партијата и Македонците,  и до сите верници во земјава и светот, кои го  слават Божик според Грегоријанскиот календар, упатуваме честитки со желби за среќен и благословен Божик, исполнет со мир, љубов и благосостојба, посочи Стерјовски. 

Честитка до верниците по повод денешниот голем празник упати и Македонското друштво „Илинден". вт/дма/


Фото: МАЕИ

 

 

You May Also Like