• Friday, 04 October 2024

Две нови игралишта во Кавадарци

Две нови игралишта во Кавадарци

Кавадарци, 2 октомври 2024 (МИА) - Кавадарци добива уште две нови игралишта - ракометно и кошаркарско, соопшти попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на „Фејсбук“.

- Започна асфалтирањето на игралиштата што се во склоп на новиот парк во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци. Ракометно и кошаркарско игралиште, со вкупна површина од 1.500 метри квадратни, комплет со конструкција за кошеви и гол, каде што се изведени и пешачки патеки, осветлување, озеленување и систем за наводнување, се појаснува во објавата на социјалната мрежа.

Како што се додава, изведувач на работите е фирмата „Павер трејд“, а вкупната вредност на договорот е 9.870.000 денари. свд/бд/

Фото: „Фејсбук“ на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев