• Saturday, 27 July 2024

Два воза со спортисти запрени неколку часа пред отворањето на Олимписките игри

Два воза со спортисти запрени неколку часа пред отворањето на Олимписките игри

Париз, 26 јули 2024 (МИА) - Два од четирите воза што превезуваа спортисти кои треба да учествуваат на Олимпијадата во Париз на брзата линија на Западен Атлантик беа запрени неколку часа пред церемонијата на отворање поради координирана саботажа на пругите, изјави официјален претставник на францускиот железнички оператор СНЦФ.

Меѓу нив има и двајца германски спортисти кои мораа да се вратат во Белгија, па поради вандалски чинови на француската железничка мрежа ќе го пропуштат свеченото отворање на Олимпијадата.

„Немаше шанси да стигнеме на време“, рече возачот Филип Вајшаупт, кој патуваше со колегата Кристијан Кукук. паг/

Фото: ЕПА