• Saturday, 28 December 2024

Грција по информациите за евентуален договор меѓу Турција и Сирија за одредување на Ексклузивната економска зона

Грција по информациите за евентуален договор меѓу Турција и Сирија за одредување на Ексклузивната економска зона

Атина, 25 декември 2024 (МИА) – Изјавата на турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу дека кога ќе биде вистинско време, Турција и Сирија ќе потпишат договор за одредување на Ексклузивната економска зона, предизвика реакции во Грција. Дипломатски извори коментирале дека ситуацијата во Сирија не дозволува озаконување на таков договор, додека од опозициската СИРИЗА побараа санкции за Турција во случај да се потпише договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објавија медиумите во Грција, турскиот министер рекол дека договорот е дел од пошироката стратегија која вклучува воздушни, железнички и комуникациски проекти, но и дека со Сирија ќе спроведат истражувања за нафта и јаглеводороди.

- Станува збор за преодна ситуација во Сирија, што не легализира таков вид на договор. Го следиме развојот и сме во постојана комуникација со Кипар и со соседните земји и со Европската Унија, рекле извори од грчкото МНР за медиумите во Грција.

Од опозициска СИРИЗА соопштија дека информациите за евентуалниот договор меѓу Турција и Сирија и со можно учество на Северен Кипар, „претставуваат нов многу сериозен обид за кршење на правото на морето, на европското законодавство и суверените права на Републиката на Кипар“ и повикаа во случај да се потпише договорот да постојат санкции ако Турција. ср/ссм/