Азербејџан одби помош од Чеченија за жртвите од авионската несреќа
- Азербејџан ги одби понудите за помош од руската република Чеченија за жртвите на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс што се урна во Казахстан на почетокот на оваа недела, пренесе ДПА.
Астана, 27 декември 2024 (МИА) – Азербејџан ги одби понудите за помош од руската република Чеченија за жртвите на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс што се урна во Казахстан на почетокот на оваа недела, пренесе ДПА.
- Ниту државата, ниту нејзините граѓани нема да прифатат таква помош, објави денеска азербејџанскиот информативен портал Day.az, цитирајќи неименуван претставник на претседателскиот кабинет на Азербејџан.
Авионот требало да слета во Грозни, главниот град на Чеченија, но се урна при обид за принудно слетување во близина на казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од вкупно 67 лица во авионот.
Авионот бил оштетен за време на падот, при што Азербејџан и други земји се сомневаат на ненамерен удар од руската противвоздушна одбрана.
Чеченската влада им понуди на жртвите и нивните семејства финансиска и друга помош.
Цитираниот претставник, исто така, го повтори барањето за Москва кое претходно само неофицијално беше соопштено: „Азербејџан бара да се признае фактот, да се извини и да се плати соодветната компензација“.
Раководството во Баку често ги пренесува ваквите изјави преку медиумите.
Претседателскиот кабинет, исто така, соопшти дека азербејџанскиот претседател Илхам Алиев разговарал по телефон со казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев за да му се заблагодари за професионалната спасувачка работа и медицинската нега на жртвите.
Двајцата претседатели, наводно, се согласиле дека причината за несреќата ќе биде откриена со резултатите од тековните истраги. јт/
Фото: ЕПА