• Sunday, 19 January 2025

Герапетритис и Георгиев телефонски разговарале за меѓународните и регионалните предизвици

Герапетритис и Георгиев телефонски разговарале за меѓународните и регионалните предизвици

Атина, 18 јануари 2025 (МИА) – За актуелните меѓународни и регионални предизвици телефонски разговарале министрите за надворешни работи на Грција и Бугарија Јоргос Герапетритис и Георг Георгиев и изразиле подготвеност да одржат средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР преку платформата Икс информираа дека Герапетритис му честитал на Георгиев за преземањето на функцијата и истакнал дека „формирањето на новата Влада во Бугарија претставува значаен чекор за унапредување на билатералните односи“.

- Двајцата министри се осврнаа на актуелните меѓународни и регионални предизвици и изразија подготвеност лично да се сретнат во блиска иднина, информираа од Министерството за надворешни работи на Грција. ср/

Фото: Министерство за надворешни работи на Грција