• Saturday, 19 October 2024

Вучиќ прими честитка од Путин по повод 80-годишнината од ослободување на Белград од советската Црвена Армија

Вучиќ прими честитка од Путин по повод 80-годишнината од ослободување на Белград од советската Црвена Армија

Белград, 18 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград од советската Црвена Армија, прими честитка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, јави дописникот на МИА од Белхград.

-Почитуван господине претседателе, ве молиме примете ги моите срдечни честитки по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград од германско-фашистичките освојувачи. Белградската офанзивна операција, која беше изведена пред осум децении од силите на Црвената армија и југословенските партизански одреди, е славна страница на нашата заедничка историја. Илјадници советски војници кои загинаа во борбата против нацизмот почиваат на српска земја. Високо ја цениме почитта и внимателниот однос на властите и граѓаните на Србија што ги чуваат спомените на нив, се наведува во честитката на Путин до Вучиќ.

Во неа се додава дека „Русите и Србите со векови стојат рамо до рамо во борбата против заедничките непријатели, заедно надминувајќи ги неволјите и искушенијата“.

Путин му порача на Вучиќ и дека „добрите традиции на братско пријателство од нашите предци, сè основа за развој на стратешки партнерски односи меѓу Руската Федерација и Република Србија“

Според историските извори операцијата за ослободување на Белград траела три недели: од 28 септември до 20 октомври 1944 година, а во неа покрај Народно-ослободителната војска на Југоскавија (НОВЈ) предводена од маршалот Ј.Б.Тито, учествуваа и единиците на Третиот украински фронт, командувани од генералот на армијата и маршал на Советскиот Сојуз Фјодор Толбухин. об/

Фото: ЕПА

You May Also Like