САД, Германија, Обединетото Кралство и Франција нагласуваат дека се „решени“ да продолжат да ја поддржуваат Украина
- По состанокот во Берлин, четворицата лидери во заедничката изјава „ја повторија решителноста да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзините напори да обезбеди праведен и траен мир
Берлин, 18 октомври 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Германија, Франција и Велика Британија денеска ја изразија својата решеност да ја задржат поддршката за Украина и „ја осудија континуираната руска војна“.
По состанокот во Берлин, четворицата лидери во заедничката изјава „ја повторија решителноста да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзините напори да обезбеди праведен и траен мир“. зш/