• Sunday, 19 January 2025

Вучиќ и Сијарто разговарале за регионални прашања, инфраструктурни проекти и енергетската безбедност

Вучиќ и Сијарто разговарале за регионални прашања, инфраструктурни проекти и енергетската безбедност

Белград, 18 јануари 2025 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград имаше средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, на која е разговарано за актуелни геополитички и регионални прашања, за инфраструктурни проекти и енергетската безбедност, како и за зајакнување на соработката меѓу двете земји, пренесува Бета.

- Секогаш е чест и задоволство да бидеме домаќини на нашите унгарски пријатели Виктор Орбан и Петер Сијарто во Белград. Со Синиша Мали разговараме за актуелните геополитички и регионални прашања, како и за зајакнување на соработката меѓу нашите две земји со цел да се најдат решенија за новите предизвици, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Посочува дека фокусот е на имплементација на инфраструктурни проекти и енергетската безбедност, имајќи ја предвид стратешката важност на двете земји како клучни енергетски коридори во регионот.

- Продолжуваме да работиме и да градиме на темелите на сè посилни врски, кои во исто време се пример за тоа како може да се изгради стабилност и просперитет преку искрено пријателство и стратешко партнерство. Добредојдовте, драги Виктор и Петар. Србија е ваш и дома“, наведува Вучиќ  на Инстаграм.са/

Фото: Инстаграм