• Saturday, 27 July 2024

Во Јужна Африка уапсени 95 Либијци

Во Јужна Африка уапсени 95 Либијци

Јоханесбург, 26 јули 2024 (МИА) - Јужноафриканската полиција денеска уапси 95 либиски државјани во рација на локација за која постои сомневање дека служи како таен воен камп за обука. Полицијата соопшти дека се води истрага за да се утврди дали има уште вакви кампови.

Кампот е откриен на фарма на околу 360 километри североисточно од Јоханесбург.

Полицијата соопшти дека Либијците изјавиле дека влегле во земјата со студентски визи за да се обучуваат за обезбедување, но полициската истрага покажа дека поминале воена обука.

Локалната провинциска влада Мпумаланга соопшти дека истрагата е во тек и дека сопственикот на фармата е сослушан. Тие исто така рекоа дека имаат информации за постоење слични тајни кампови во близина.

Полицијата и властите не кажаа дали се сомневаат дека камповите се поврзани со одредена група или конфликт. паг/

Фото: МИА архива