• Sunday, 06 October 2024

Во Тетово приведен бегалец од Затвор Идризово

Во Тетово приведен бегалец од Затвор Идризово

Тетово, 1 септември 2024 (МИА) - СВР Тетово информира дека денеска попладне во 15 часот во градот бил приведен бегалец од скопскиот затвор, кој бил баран со потерница за доиздржување затворска казна. Приведен бил на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово.

-Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(35) од тетовско Горно Палчиште. Тој бил баран по потерница врз основа наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот. Тој имал за доиздржување на една година и четири од казната за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, Б.Ј. ќе биде спроведен во КПУ Затвор Идризово.ас/

Фото МИА архива