• Friday, 06 March 2026

Бесплатни гинеколошки прегледи во Градско

Бесплатни гинеколошки прегледи во Градско

Велес, 6 март 2026 (МИА) – Во Градско во изминатите два дена беа организирани бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места во општината, а во наредните месеци ќе бидат реализирани и други прегледи.

Во насока на здравствена заштита и помош на населението во Општина Градско Здружението „Центар за развој и едукација“ од Прилеп веќе еден месец секој четврток во Домот на културата во Градско организираа физиотерапевтски услуги со консултација и вежби на  справи, а неподвижните лица во нивниот дом ги посетува медицинска сестра од оваа здружение.а  истите  ќе продолжат секој четврток до крајот на годината. Воедно оваа недела од четврток во Градско оваа здружение започна и со давање на психолошка поддршка на лица кои имаат ментално здравје,а  ќе продолжат и натаму секој четврток. Во најава се и логопедски услуги за најмалите, за децата со потешкотии во говорот  од градинката и училиштето во Градско,  информира за МИА, Марина Тошеска од „Центар за развој и едукација“ од Прилеп.

Како што посочи  Тошеска, целта на превентивните гинеколошки преглед е превентивно да се делува кај населението односно кај жените навреме да се откријат малигни и други болести,а најави дека  вакви прегледи ќе бидат организирани и во наредните месеци.

Воедни  ги повикува жителите од населените места во  Општина Градско да се вклучат во нивните здравствено - едукативни програми со вежби и разни видови на неопходна здравствена заштита кои се организираат во соработка со Општина Градско, секој четврток во просторија на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско или со посета во нивните домови.ад/

Фото „Центар за развој и едукација“ Прилеп

You May Also Like