• Thursday, 26 December 2024

Во Битола доделени сертификати за асистенти на лица со попреченост

Во Битола доделени сертификати за асистенти на лица со попреченост

Битола, 25 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Општинската организација на Црвен крст Лилјана Ристевска доделија сертификати на 10 лични асистенти, кои успешно ја завршија обуката спроведена од Црвениот крст.

- Правото на лична асистенција е предвидено како услуга која им се обезбедува на лица со попреченост заради поддршка во секојдневниот живот и овозможување поголема независност. Личната асистенција се обезбедува со цел да се овозможи независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата, како и вршење секојдневни активности, кои лице без попреченост вообичаено ги извршува без поддршка, соопштија од Општина Битола.

Како што е познато, личната асистенција се обезбедува за лица од 6 до 65-годишна возраст кои имаат потешка и најтешка телесна попреченост или потполно слепи лица во траење до 80 часа месечно. Услугата ја даваат исклучиво лиценцирани лични асистенти за кои локалната самоуправа обезбеди 200.000 денари преку програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2024 година. мт/мд/

Фото: Општина Битола

You May Also Like