• Thursday, 30 January 2025

ВМРО-ДПМНЕ: За расипништвото и аматеризмот на СДС и ДУИ мора да има одговорност

ВМРО-ДПМНЕ: За расипништвото и аматеризмот на СДС и ДУИ мора да има одговорност

Скопје, 28  јануари 2025

Kриминалниот и неодговорен однос на СДС и ДУИ во изминатите седум години, нивното расипништво и аматеризам, ја имаат својата цена. Секое неодговорно трошење и секој пропуст да се заштитат националните и економските интереси од СДС оставија длабоки траги врз стандардот и секојдневието на луѓето. Но, добро е што тоа време е зад нас. Сега Македонија има влада која работи за граѓаните, со јасна цел да ја врати стабилноста и довербата во институциите.

Оттаму, денешната изјава на неврохирургот на Заеви, Венко Филипче, е уште еден обид да се прикрие историската неспособност на СДС во управувањето со економијата и последиците кои ги оставија зад себе.Она што денес го сведочиме не е резултат на осум месеци одговорно владеење, туку на години хаос, нестручност и игнорирање на потребите на граѓаните од страна на владата на СДС.

Реалноста е јасна: инфлацијата, која го погоди секој дом и секој граѓанин, е директен производ на нивното владеење. Венко Филипче заборава дека токму тие наместо да ја стабилизираат состојбата на економски план, драматично ја влошија. Заборава и дека СДСМ го остави државниот буџет на колена, без визија и план за справување со економските предизвици.

ВМРО-ДПМНЕ се бори за интересите на граѓаните и ги повикува сите да испратат јасна порака дека економските политики мора да бидат ориентирани кон нив, а не кон лични или партиски интереси.

Филипче да не се прави дека е од вчера дојден. И да не мисли дека народот заборавил што се се случуваше кога тој и Заев беа на власт и кога СДС и ДУИ дивееја по државава забегани во корупција и во држава со галопирачка инфлација и рекордна сиромаштија. Филипче, не си од вчера. Те знае народот. И не заборава кој си и што злодела имаш направено. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива