• Wednesday, 15 January 2025

Верниците се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј во Струмица

Верниците се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј во Струмица

Струмица, 14 јануари 2025 (МИА) - Од синоќа православните верници се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

Викарниот Епископ Стобиски Јаков синоќа отслужи празнична вечерна служба во чест и спомен на Свети Василиј Велики во храмот на „Светите Кирил и Методиј“ во Струмица, а потоа на сите присутни им подели лепчиња со сребрена паричка со ликот на светецот.

Инаку, за православната црква Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“.

Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја. рт/дма/

Фото: Тивериопол.мк

You May Also Like