• Sunday, 01 February 2026

Велешанка приведена во полиција, во домот ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

Велешанка приведена во полиција, во домот ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

Велес, 1 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица „Ѓорче Петров“, синоќа во 2:05 часот по полноќ  лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно, во СВР Велес, било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала за Скопје.

Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. ад/дј

 

You May Also Like