• Monday, 02 February 2026

Мртво куче на улица во Кавадарци, телото на обдукција

Мртво куче на улица во Кавадарци, телото на обдукција

Кавадарци, 1 февруари 2026 (МИА) - Мртво куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа  во 22:15 часот во ОВР - Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов - Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР - Велес. свд/хс/

Фото: МИА Архива 

You May Also Like