• Saturday, 19 October 2024

Британскиот премиер Стармер пристигна во Берлин за средбата со Бајден, Шолц и Макрон

Британскиот премиер Стармер пристигна во Берлин за средбата со Бајден, Шолц и Макрон

Берлин, 18 октомври 2024 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер пристигна во Берлин за средбата со лидерите на САД, Франција и Германија, јави ДПА.

На таканаречената средба на „Четворката“ попладнево се очекува да се разговара за војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.

Стармер беше пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц при неговото пристигнување пред да започнат дискусиите.

Планираното патување на Стармер во германската престолнина доаѓа откако Израел вчера објави дека неговите војници го убиле лидерот на Хамас Јахја Синвар, прикажувајќи ја неговата смрт како пресвртница во кампањата на еврејската држава против групата.

Белата куќа потврди дека американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за „патот напред во Украина“ и „случувањата на Блискиот Исток“.

Бајден рече дека убиството на Синвар е „еден добар ден за Израел, за САД и за светот“, а официјалните лица во Вашингтон изразија внимателен оптимизам дека неговата смрт може да ја отстрани клучната пречка во преговорите за прекин на огнот кои досега не успеаја да доведат до напредок. рп/

Фото: ЕПА

You May Also Like