Без вода дел од улицата Наум Наумовски Борче
- Се работи за уличен дефект и водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со негова санација.
Скопје, 18 февруари 2026 (МИА) - Без вода за пиење во моментов е дел од улицата Наум Наумовски Борче, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што појаснија од претпријатието, се работи за уличен дефект и водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со негова санација. бд/дма/
Фото: МИА архива