Без вода дел од Чаир
- Причината била уличен дефект, а прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улиците „Алберт Станиќ“ и „Јосиф Михајлов“.
- Post By Блаже Дарудов
- 08:34, 16 January, 2026
Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Без вода во моментов е дел од општина Чаир, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Причината била уличен дефект, а прекинато е водоснабдувањето за корисниците од улиците „Алберт Станиќ“ и „Јосиф Михајлов“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. бд/са/
Фото: МИА