• Thursday, 25 July 2024

Бајден префрла дел од овластувањата за Украина на Ентони Блинкен и на Џенет Јелен

Бајден префрла дел од овластувањата за Украина на Ентони Блинкен и на Џенет Јелен

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден префрли дел од своите овластувања од Законот за поддршка на Украина на министерката за финансии Џенет Јелен и државниот секретар Ентони Блинкен.

Тие овластувања вклучуваат и одредби за конфискација на замрзнати руски средства, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Со ова му ги пренесувам на секретарот на Министерството за финансии функциите и овластувањата доделени на претседателот во согласност со членовите од Законот за враќање на економскиот просперитет и можностите за Украинците... Со ова му ги пренесувам на државниот секретар, во консултација со Секретарот на Министерството за финансии, функциите и овластувањата што му се доделени на претседателот во согласност со членовите на Законот“, е нагласено во меморандумот.зш/