• Wednesday, 17 July 2024

Базар со рачни изработки и локални деликатеси во Струга

Базар со рачни изработки и локални деликатеси во Струга

Струга, 16 јули 2024 (МИА) - Mлади креативци од југоисточниот регион на државата в сабота во Паркот на поезијата ќе ги изложат своите изработки на продажен Базар, кој е во организација на Europe House - Струга.

На Базарот, како што информира организаторот, ќе има локални деликатеси, уникатни рачни изработки од природни материјали, парчиња гардероба и накит и модни додатоци за сечиј вкус.

Базарот, според најавата, ќе биде збогатен со музички перформанс на Dj Tome Rootboy. сс/вг/

Фото: Плакат