• Wednesday, 17 July 2024

Презентација на ревизорски извештај за родова еднаквост на жените од руралните средини

Презентација на ревизорски извештај за родова еднаквост на жените од руралните средини

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе биде презентиран ревизорски извештај од регионалната кооперативна ревизија на успешност на тема „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“. 

Извештајот е реализиран од Државниот завод за ревизија, како координатор и врховните ревизорски институции на Албанија и Косово, со поддршка на телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women.

Најавено е обраќање на главниот државен ревизор Максим Ацевски, главниот ревизор од Националната ревизорска канцеларија на Косово, Вљора Спанца, главниот ревизор од Врховната ревизорска институција на Албанија, Алфред Зулфи, како и на заменик регионалниот директор на UN Women Елиса Фернандез Саенз. бд/бак/

Фото: ДЗР