Андоновски: Стапуваат на сила измените на Законот за електронски комуникации, во првиот бран ќе бидат забранети над 160 веб страници за нелегално коцкање
- Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се објават во Службен весник, а веднаш потоа, Министерството за дигитална трансформација е подготвено да ја донесе методологијата со којашто ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа, најави денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој денеска присуствуваше на отварање на Центарот за за услуги „Една точка за услуги“. Стефановски појасни дека постапката ќе биде по анализа на Државната лотарија, кои се оние нелегални приредувачи на игри на среќа и на министерството испраќаат нотификација, со табела на точна веб страница, којашто треба да се забрани.

You need to login to view this page en