Активностите на Здружението Бадникови поворки, стекнуваат голема популарност низ православниот свет
- СООПШТЕНИЕ - Божикната песна ,,Три цареви од Персија”, запишана од Марко Цепенков беше дел од репертоарот на божиќен концерт во Романија, традиционално посветен на романски и балкански песни. Концертот, емитуван во живо на романската национална телевизија за Божиќ на 25 декември 2024 година беше збогатен со оваа песна, која Романците ја преработиле, но ја отпејале на изворен македонски јазик.
- Post By Сашо Арсовски
- 11:17, 13 January, 2025
13 јануари 2024
Божикната песна ,,Три цареви од Персија”, запишана од Марко Цепенков беше дел од репертоарот на божиќен концерт во Романија, традиционално посветен на романски и балкански песни. Концертот, емитуван во живо на романската национална телевизија за Божиќ на 25 декември 2024 година беше збогатен со оваа песна, која Романците ја преработиле, но ја отпејале на изворен македонски јазик.
,,Три цареви од Персија”, каланда, или божиќна песна, пред неколку години ја возобнови Бигорската обител, а во Романија за овој Божиќ ја преработил Ансамблот Флоралија. Вокално-инструменталниот ансамбл е еден од најпознатите во Романија од областа на религиозна музика. Функционира под диригентство на д-р Ирина Замфира Данила, а е основан во 2007 година. Во почетокот е како псалтик хор, под раководство на свештеникот Флорин Буческу, познат фолклорист, професор по псалтичка музика и познат романски специјалист по византиски студии.
Отпеаната македонска каланда во Романија на изворен македонски јазик е само еден, но не и единствен показател, дека активностите на Здружението Бадникови поворки се оценети како прекрасна православна традиција по која не' препознава целиот свет и која е прифатена и надвор од границите на Македонија.
Погледнете како звучи оваа вистинска македонска божиќна песна во изведба на романскиот ансамбл.
https://youtu.be/EXw5ImjNaAo?si=lDdsRWYn9jJGpKNe
Текст:
Три цареви од Персија
(народна коледарска песна)
Три цареви од Персија појдоа,
водени од сјајна ѕвезда небесна
водени од сјајна ѕвезда Деница.
Ми дојдоа во град Витлем Јудејски,
Го најдоа Исус Христос во ајатот.
Го најдоа Исус Христос во ајатот,
во прегратка на Мајка Му Марија.
И на Христос тие Му се поклонија,
темјан, злато и ливанто Му подарија.
Здружение Бадникови Поворки
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки