• Wednesday, 02 October 2024

Активирани сирените за воздушна опасност во централниот дел од Израел

Активирани сирените за воздушна опасност во централниот дел од Израел

Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) - Сирените за воздушен напад се огласија попладнево во централен Израел, соопшти војската, еден ден откако армијата започна копнени операции во јужен Либан насочени кон позиции на Хезболах.

„Сирените се огласија во централниот дел на Израел“, соопшти војската, без да наведе детали за областите. 

Командата на армијата им издаде нови упатства на жителите на централното подрачје на Израел, познато како Гуш Дан, предупредувајќи ги да останат „во близина“ на засолниште за бомби или друго заштитено подрачје до понатамошно известување, по извештаите за неизбежен ирански напад.

Ажурирањето ги предупредува жителите „да избегнуваат непотребно трошење време на отворено“ и повторува дека доколку се огласат сирените, граѓаните треба да влезат во заштитено подрачје и да останат таму 10 минути. зш/