• Monday, 06 January 2025

Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка

Австрискиот канцелар Нехамер соопшти дека ќе поднесе оставка

Виена, 5 јануари 2025 (МИА) - Австрискиот канцелар Карл Нехамер и шеф на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) синоќа изјави дека во наредните денови ќе поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на ОВП, откако по вторпат пропаднаа преговорите за формирање нова влада. 

„Преговаравме долго време и праведно. Не е можно да се постигне договор со Социјалдемократската партија за важни точки. Народната партија останува на своите ветувања: Нема да се согласиме со мерки кои се против бизнисот или за нови даноци. Затоа ги завршуваме преговорите со Социјалдемократската партија и нема да ги продолжиме“, напиша Нехамер на мрежата Икс.

Тој за јавниот радиодифузен сервис ОРФ изјави дека ќе се повлече „и како канцелар и како лидер на ОВП во наредните денови“. рп/

Фото: МИА архива