• Saturday, 27 July 2024

Австралија го блокира обидот на „Рио Тинто“ да ископува ураниум

Австралија го блокира обидот на „Рио Тинто“ да ископува ураниум

Канбера, 26 јули 2024 (МИА) – Владата на Австралија денеска го блокира повторниот обид за експлоатација на ураниум во националниот парк Јабилука.

Со тоа е завршен повеќедеценискиот спор за еден од најголемите наоѓалишта на висококвалитетен ураниум во светот.

Компанијата „Енерџи ресусрсис Острелија“ (Energy Resources Australia), мнозински сопственик на „Рио Тинто“ поднесе барање за обнова на лиценцата за рударење во националниот парк, што предизвика незадоволство кај локалната домородна заедница Мирара.

Првобитниот план беше стопиран во 90-тите години од минатиот век поради голем протест. ми/

фото: МИА архива