Соработка меѓу велешките средношколци од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ со фабриката „Кристал 1923“
- Учениците од Државното средно училиште Регионален Центар „Коле Неделковски“ од Велес заедно со своите професори денеска со претставници од менаџерскиот тим на Фабриката „Кристал 1923 “ во кабинетот за готвење на училиштето, готвеа солени и благи специјалитети подготвени од производствената линија за здрава храна на Велешката фабрика „Кристал 1923“ попозната како Маслодајна.
Велес, 12 март 2026 (МИА) - Учениците од Државното средно училиште Регионален Центар „Коле Неделковски“ од Велес заедно со своите професори денеска со претставници од менаџерскиот тим на Фабриката „Кристал 1923 “ во кабинетот за готвење на училиштето, готвеа солени и благи специјалитети подготвени од производствената линија за здрава храна на Велешката фабрика „Кристал 1923“ попозната како Маслодајна.
Ова училиште повеќе години има одлична соработка и изведувања на пракса за учениците од електро и машинската струка во оваа фабрика кои се ангажирани во поправки на машините и инсталацијата. Воедно наскоро, со пракса ќе се вклучат и учениците од угостителската струка во Погоните за здрава храна.
Горан Богоевски директор на државното училиште за Регионот на Повардарието, информира дека разговараат со менаџерскиот тим и наскоро учениците од угостителската струка да бидат вклучени во производствените погони за производство на здрава храна,.
Инаку учениците од машинсата и електро струката заедно со своите врсници од угостителската струка вчера заедно ја посетија Фабриката и во производствените погони се запознаат со процесот на производство на здрава храна.
Стефан Малинов ученик од угостителската струка, изјави дека тие многу научиле од своите професори и секојдневно учат да подготвуваат храна. Тој нагласи дека посебно имаат интерес при подготовката на здрава храна која е се повеќе барана од потрошувачите и гостите во угостителските објекти каде и тие имаат практична работа преку училиште. ад/бк
ФОТО МИА