• Friday, 13 March 2026

Во тек реализација на капитални инфраструктурни проекти во Делчево

Во тек реализација на капитални инфраструктурни проекти во Делчево

Делчево, 12 март 2026 (МИА) -  Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска заедно со општински тим изврши увид во текот на реализацијата на повеќе капитални инфраструктурни проекти на неколку локации во градот.

Станува збор за реконструкција и уредување на улици кои, како што посочуваат од Општината, се од големо значење за секојдневното функционирање на граѓаните и долго време чекале на нивна реализација.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека подобрувањето на локалната инфраструктура останува еден од главните приоритети на општината, со цел создавање подобри услови за живот на сите жители.

– Нашата цел е јасна – подобра инфраструктура, поквалитетен живот и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните. Делчевчани заслужуваат достоинствени услови за живот, а ние сме тука тоа да го реализираме со работа, посветеност и конкретни проекти – истакна Гоцевски.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во инфраструктурата, со реализација на нови проекти насочени кон модернизација на улиците и подобрување на условите за живот во градот.

Како што велат од Општината, со континуирани вложувања и активна работа се стремат кон постепено менување на ликот на градот и создавање подобра и поуредена средина за граѓаните. вс/вј/

Фото: МИА

You May Also Like