• Friday, 13 March 2026

Бизнис можности со нордиските земји во Скопје

Бизнис можности со нордиските земји во Скопје

Скопје, 13 март 2026 (МИА) - Шведско-македонската стопанска комора, во соработка со шведската организација We Effect, денеска во Центарот за иновации „Инокс“ на Плоштад Скопје, организира настан на тема „Бизнис со нордиските земји: Можности за македонските производители“ .

Целта на настанот, како што најавуваат организаторите, е зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и нордиските пазари, како и отворање нови деловни можности за локалните производители. Во фокусот ќе биде тоа што нордиските компании го бараат при влез на нови пазари и начините на кои македонските бизниси можат да се позиционираат како доверливи и долгорочни партнери.

Настанот ќе ги поврзе шведските и нордиските компании веќе присутни на македонскиот пазар со организацијата We Effect и нејзините партнери, меѓу кои Националната федерација на фармери, Центарот за едукација и развој, Македонската асоцијација на преработувачи и Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. Целта е размена на искуства, јакнење на деловните капацитети и поттикнување нови партнерства.

На настанот се очекува присуство на голем број бизнис лидери, институционални претставници и експерти за нордискиот пазар. бк/са/

фото: МИА

 

You May Also Like