• Friday, 13 March 2026

Советот на Општина Тетово ја усвои завршната сметка на буџетот за 2025 година

Советот на Општина Тетово ја усвои завршната сметка на буџетот за 2025 година

 

Тетово, 12 март 2026 (МИА) -  Советот на Општина Тетово ја одржа својата 11-та седница на која со мнозинство гласови беше усвоена Предлог-завршната сметка на Буџетот на Општина Тетово за 2025 година, како и предлог-завршните сметки на воспитни и образовни институции во општината. 

Утврдено беше дека е реализиран општински буџет со приходи и расходи од речиси 2,3 милијарди денари, односно 37 000 000 евра.  

За завршната сметка забелешки имаа советниците од опозицискиот блок кои укажаа на дефицитот. 

-Голем број капитални инвестиции не се реализирани, ама затоа има 100% реализација на договори за дело, има 250 милиони денари дефицит. Има многу слаба реализација на донациите од предвидени 56 милиони ден реализирани само 5 милиони, посочија советниците од ДУИ и Левица. 

Градоначалникот Биљал Касами пред советници и за медиумите истакна дека делот на дефицитот е формална процедура. 

-Тоа што е реална ситуација во Општина Тетово е во делот на долгот кој е наследен кој полека го сервисираме и се надеваме дека во текот на 2026 година ќе излеземе од извршувања и ќе можеме автономно да оперираме со буџетот. Во 2025 сериозен дел да не кажам многу голем дел од буџетот се реализиран преку извршители, рече Касами.

Според него во делот на изворните приходи за прв 2025 има надминување на реализираните приходи од данокот на имот од околу 20 посто. 

-Значи од предвидените износи се реализирани 120 посто. Тоа покажува дека општина Тетово сериозно работи во делот на финансиската консолидација и реализација на сопствените изворни приходи, рече Касами. 

Советниците дадоа согласност и на Планот и Програмата за управување со отпад за тековната година, со цел подобрување на системот за управување со отпадот и создавање почиста и поуредена животна средина за граѓаните. На седницата беа усвоени и неколку точки кои се однесуваат на промени во составите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија. ас/

фото Општина Тетово