Во Кавадарци едукативни предавања за превенција од насилство и булинг
- Едукативни предавања за превенција од насилство и булинг, беа реализирани денеска за млади во Кавадарци, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Кавадарци, 12 март 2026 (МИА) - Едукативни предавања за превенција од насилство и булинг, беа реализирани денеска за млади во Кавадарци, информираа од Министерството за внатрешни работи.
- Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во ООУ „Гоце Делчев“ во Кавадарци реализираа едукативни предавања на темите „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“ и „Тик ток предизвици“. Учениците беа запознаени со последиците што може да настанат, како и со начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, соопштија од МВР.
Воедно, како што додадоа оттаму, на учениците им било укажано за потребата од поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, што може да им наштетат. свд/вј/
Фото: МИА архива