• Thursday, 18 July 2024

Убиен еден од командантите на групата Ал-Гама ал-Исламија во либанскиот регион Бека

Убиен еден од командантите на групата Ал-Гама ал-Исламија во либанскиот регион Бека

Бејрут, 18 јули 2024 (МИА) - Либанските медиуми денеска објавија дека убиениот во нападот во регионот Бека бил висок командант на милитантната сунитска група Ал-Гама ал-Исламија.

Либанскиот јавен сервис Кан објави дека убиениот е Мухамед Џабар, пишува „Тајмс оф Израел“.

Групата Ал-Гама, како и Хамас, е сунитска фракција која е дел од пошироката политичка мрежа на организацијата „Муслимански браќа“. рп/

Фото: МИА архива