Kонцерт на триото Додовски, Георгиевски и Спировски во Социјален центар „Дуња“
- Kонцерт на триото Додовски, Георгиевски и Спировски ќе се одржи денеска во Социјален центар „Дуња“ со почеток во 20:30 часот.
- Post By Ана Цветковска
- 09:24, 21 March, 2026
Скопје, 21 март 2026 (МИА) - Kонцерт на триото Додовски, Георгиевски и Спировски ќе се одржи денеска во Социјален центар „Дуња“ со почеток во 20:30 часот.
Димитар Додовски е продуцент и визуелен уметник од Битола. Има издадено повеќе соло албуми и соработувал во проекти како Post Global Trio, Moss Garden, Niskogradba, Dérive Dub и Private Mountain. Последниот албум Mineralmusik ја одбележува 20-годишнината од неговото музичко творештво.
Мартин Георгиевски е продуцент од Скопје на амбиентална и импровизирана музика, активен од 2009 година под псевдонимот Амплидајн Ефект. Во изминатите години, проектот издаде бројни албуми и настапуваше на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои Похода (Словачка), Десонанз, Лајв Саундтрак (Белград), ToBe Continued (Италија), ПНЕМ Саунд Арт Фестивал (Холандија), Скопскиот џез фестивал.
Нинослав Спировски е македонски фри џез кларинетист и саксофонист, дел од генерацијата што го поттикна новиот бран на импровизирана музика во земјава. Како еден од најактивните учесници на сцената, застапува личен израз и оригиналност надвор од традиционалните џез шеми. Најпознат е по работата со Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра, а учествува и во бројни други состави.
Настанот претставува отворена звучна сесија што произлегува од моменталната интеракција помеѓу учесниците, без однапред зададена форма или композиција, се наведува во соопштениете на организаторот. ац/
Фото: Плакат